Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско
подрачје и периферните делови на Охрид. Ѕвезденото небо веќе е поставено над
охридската чаршија а до крајов на оваа недела треба да бидат поставени и
останатите декорации на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Денес и
утре ќе се декорира и светилникот на пристаништето каде ќе има
прскалка со дијаметар од три метри.
Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината
ангажирана е и фирмата „Метал Ват “ од Скопје којашто беше избрана за
најдобар понудувач по претходно распишан оглас на локалната самоуправа.
Извор: www.ohrid.gov.mk |