Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ДИНАМИЗИРА ПРОЦЕСОТ НА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ
Untitled Document

Со мала церемонија денеска градоначалникот Никола Бакрачески, подели нови триесеттина решенија на граѓани и институции, за легализација на бесправно изградени објекти. Со овој чин, градоначалникот Бакрачески го најави новиот пристап во целиот процес, со кој многу побргу граѓаните ќе ја завршуваат целата постапка.

Како што посочи градоначалникот Бакрачески, од март 2011, од кога се применува Законот за постапување со бесправно изградени објекти, до март годинава во Охрид целосно е завршена постапката за 600 барања, од 11 320 процесуирани, а само за изминативе два месеци решени се 128 предмети, што претставува значително подобрување на целиот процес. Ова ефикасност се должи пред се на новата организација на локалната самоуправа, која со нови 20 тимови во периодот април – мај 2013 година, посети над 5000 домови, со подготвени анкетни листови, кои претствуваат патоказ за ефикасно и брзо решавање на поднесените барања.Градоначалникот Бакрачески изрази увереност дека целиот процес ќе заврши многу побргу од законски предвидениот рок 5 години, односно до 2016 година.

Со промените во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, во моментов наместо досегашните две, формирани се четири комисии кои ќе работат исклучиво на забрзување на процесот на легализација на бесправно изградените објекти.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 03.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©