На просторот каде порано се наоѓаше градската библиотека, изминативе денови интензивно се гради нов модерен плоштад. Денеска на лице место беше и раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот и координатор на Секторот за урбанизам Зоран Рафтоски.
На овај простор, каде порано се наоѓаше старата градска библиотека, сега ќе никне нов, модерен плоштад кој со својот квалитет и изглед ќе биде рамо до рамо со плоштадите од европските метрополи од ваков ранг. Моментално се подготвува подлогата, односно извршено е тампонирање за да можат да се постават високо квалитетните гранитни плочки во комбинација со камен. Се поставува електрична инсталација за подното светло и канделабрите, а ѕидините ке бидат осветлени со илуминати кои ќе го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови што ќе го нуди овај плоштад. Истотака ќе бидат поставени и клупи за одмор. – изјави Зоран Рафтоски
Ова претставува само еден дел од програмата на секторот за урбанизам која ја реализира. И во иднина ќе следат вакви и поголеми проекти за разубавување на градот.