Акцијата за расчистување на локални патишта вчера и денес продолжи во населбата "Гоце Делчев" (бараки). Екипите на "Паркови и зеленило" при Ј.П. "Охридски Комуналец" ги расчистуваа гранките и трњето покрај улиците, кои ја попречуваа прегледноста за возилата и безбедноста за пешаците, и се уредуваше паркот на влезот од населбата. Ангажирани беа 8 работници, а беа собрани и транспортирани околу 17 кубици зелен отпад.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |