Првата фаза од активностите за изградба на повеќенаменско игралиште во
Трпејца е при крај. По завршувањето на оваа фаза, односно по бетонирањето на
предвидениот простор, ќе следува поставување на ограда. Понатака ќе следува
опремување на игралиштето со спортски реквизити и хортикултурно уредување на
просторот.
Бетонирањето го изведува ЈП „Градски гробишта“, а во наредните фази ќе се
вклучат и другите охридски јавни претпријатија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |