Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка до сите граѓани со католичка вероисповед по повод раѓањето Христово- Божиќ.
-Денот посветен на Христовото раѓање- Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги симболизира, семејните вредности, човечката толеранција и заемното разбирање . Овој празник на љубовта и добрината нека донесе душевен мир и спокој, светлина и топлина во домовите и сила да правиме добри дела, да влеваме надеж на сите оние кои страдаат и меѓусебно да се почитуваме и помагаме.
Божиќ е празник кој не учи да живееме во простување и милосрдие, да ги следиме моралните закони во нас и да дејствуваме во согласност со честа и вистината.
Со прославувањето на Христовото раѓање уште еднаш се потсетуваме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично да допринесуваме во зацврстување на мирот, хармонијата, семејните и традиционалните вредности.
Посакувам сите Христијани со католичка вероисповед празникот да го минат во добро здравје , мир и благосостојба. Божиќните прослави нека бидат добра можност за јакнење на вербата во иднината и надминување на сите несогласности.
Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ !- стои во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод празникот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |