Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска, започна со градежни
активности - изградба и санација на пешачката патека. Патеката се протега
долж Јавната здравствена установа „Завод за превенција, лекување и
рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања“ и целосно ќе биде поплочена
со бехатон плочки и оградена со ивичници.
Со изградбата на оваа патека значително ќе се подобри безбедноста на
пешаците и безбедноста на возилата за Итна медицинска помош кои секојдневно
го минуваат тој пат.
Извор: www.ohrid.gov.mk |