Градоначалникот Никола Бакрачески синоќа на Античкиот театар во Охрид го проследи концертот на духовна музика на американскиот хор „Хауард госпел“ од Вашингтон, со што фестивалот „Охридско лето“ го прослави 55-от роденден. Меѓу бројната публика која со воодушевување го проследи настапот на „Хауард госпел“ беше и амбасадорот на САД во земјава Џес Бејли.
Роденденската прослава на охридско лето продолжи со коктел забава на која присуствуваа претставници од јавниот и политичкиот живот во земјава.
Извор: www.ohrid.gov.mk |