ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на ракометот и спортот, сите
граѓани на Охрид, туристи да бидат дел од финалните натпревари од светското
првенство во ракомет кадети - жени. Натпреварите ќе се играат утре ( недела
03 08. 2014 година и тоа натпреварот за трето место ќе стартува во 14 30
додека натпреварот за прво место , големото финале ќе се одигра со почеток
од 17 часот. Во малото финале ќе играат соодветните репрезентации на Црна
Гора и Данска додека учесници на финалниот натпревар се екипите на Романија
и Германија. Влезот е слободен така што Ве повикуваме сите заедно, во што
поголем број, да бидеме дел од финалните натпревари во Спортската сала
Билјанини Извори со што ќе и покажеме на ракометната, македонска и светска
јавност, дека Охрид заслужува и во иднина да биде град домаќин на големите
ракометни првенства и натпревари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |