Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АКЦИЈАТА “СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ“ ДЕНЕС ВО ОХРИД
Untitled Document

Акцијата на Министерството за Труд и социјална политика – “Се грижиме за топол дом“, која започна на 1 август, денес имаше своја конкретна реализација во Охрид. Министерот за Труд и социјална политика, Диме Спасов присуствуваше во семејството на Мирко Лекоски, кое донираше мебел, покуќнина и апарати за домаќинство на социјално загрозените семејства Шемо и Алимоски.

- Мислиме дека акцијата со која сакаме да ги поттикнеме семејствата кои имаат да подарат ствари на семејства кои се социјални загрозени, иако е сезона на годишни одмори, се одвива со добро темпо и веруваме дека граѓаните на Македонија во наредниот период ќе дадат уште поголема поддршка на овој проект – истакна министерот Спасов.

Во придружба на министерот Спасов беа и претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска и секретарот Димитар Спасески, кој истакна дека локалната самоуправа во координација со министерствот за Труд и социјална политика во целост ќе одговори на барањата на проектот за негово успешно имплементирање во Охрид.
Од почетокот на кампањата позитивно одговориле 250 семејства на државно ниво, а во Охрид таа бројка изнесува десеттина семејства како потенцијални донатори.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1304  пати
Објавено на: 16.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©