Ветераните од поранешните ватерполо клубови од Охрид и Струга, попладнево на Градското пристаниште, со почеток во 17 часот, во рамките на хепенингот „ Да навиваме заедно за Македонија“ , ќе одиграат ревијален натпревар.
Натпреварот ќе биде потсетување за времињата кога во Охрид и Струга имаше ватерполо клубови и езерски дерби натпревари и тие беа вистинско спортско доживување.
Извор: www.ohrid.gov.mk |