Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕТСТАВЕН КОНЗЕРВИРАНИОТ ФРЕСКОЖИВОПИС ВО ЦРКВАТА „СВ. БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА“
Untitled Document

Пред јавноста, денес, беше претставен конзервираниот фрескоживопис во црквата Св. Богородица Перивлепта. Конзерваторските работи на вредниот фрескоживопис траеа три години, беа од проектот за заштита на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, поддржан од амбасадата на САД во Република Македонија. Со проектот покрај конзерваторските работи на фрескоживописите, се работеше и на надворешноста од црквата, фасадата и покривот.

Вкупната вредност на проектот за конзервација и ревитализација на храмот „Св. Богородица Перивлепта“ и придружните објекти во рамки на комплексот изнесува 650 илјади долари, средства обезбедени од Амбасадата на САД, а проектот се спроведуваше во изминатите седум години.

Во целиот проект беа вклучени седумнаесетина стручни лица од Завод и Музеј Охрид и од Националниот конзерваторски центар од Скопје, како и странски експерти предложени од УНЕСКО и Советот на Европа.

На свеченоста на која присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, свои обраќања имаа Митрополитот Дебарско – кичевски, владиката Тимотеј, министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и амбасадорот на САД во Македонија, Џез Бејли.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1359  пати
Објавено на: 26.10.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©