Денешните Охридски советници иако првично беа свикани за 61 –то заседание на Општинскиот совет, поради техничка грешка, заседаваа и со 62 седница. Имено, по долги дискусии, првата точка од дневниот ред на 61-та седница - прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража, како единствена точка за техничка исправка на одлуката, го дочека крајот на 62 седница.
Втората точка од 61 седница која иста така предизвика долги полемики, а се однесува на обезбедување надоместок за експропријација на недвижност, со координација и објаснување од стучните служби, беше донесена со 12 гласа, 6 воздржани и 1 против.
Третата и четвртата точка од 61 седница, кои се однесуваа на измена на детални урбанистички планови за една катастарска парцела, советниците едногласно ги усвоија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |