Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Untitled Document

Претставници на американската агенција УСАИД, Локалната самоуправа и членови на Советот на општина Охрид,  на денешната средба разговараа за реализирањето на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Беше оценето дека во општина Охрид, проектот успешно се спроведува и дека и натаму продолжуваат активностите за меѓуетничка интеграција во образованието.

На средбата се разговараше за реализирање на акциониот план и деталните акциони планови во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, редовната комуникација  со тимовите, состаноци со координаторите  и внесување на промените во годишните програми за работа во училиштата кои се вклучени во проектот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1329  пати
Објавено на: 22.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©