Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска изведува градежни активности
на неколку локации низ градот. На улицата „Коста Абраш“ се врши нивелирање
на калдрмата. Се поставува тампон подлога и се прередуваат камените коцки.
На улицата „Никола Карев“ кај Историски архив се поставува бехатон подлога
на тротоарот, додека на ул. „Кузан Јосифоски – Питу“ се врши санација и
нивелирање на шахтите од мрежата за одведување на отпадни води. Покрај овие
активноси ЈП „Нискоградба“, врши контрола и прочистување на пумпните станици
„Канео“, „Мал плоштад“ и пумпната станица „Рача“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |