Повеќе од триста млади охриѓанчиња кои беа дел од свечената Бадникова поворка утрово низ охридските улици со свеќи во раце, кандила и ѕвезди го наговестија Христовото раѓање.
Дечињата пеејќи ја коледарска песна “Вечниот бог”, ги симболизираа анѓелите, што ја носат радосната вест а на градскиот плоштад беа дарувани со бадникови пакетчиња кои за нив ги обезбеди општина Охрид и Здружението за грижи и воспитување на деца.
-Ова е прекрасна глетка на млади дечиња кои на ваков начин учат за својата традиција, вера и култура .Локалната самоуправа ги поддржува ваквите манифестации и вакви древни одбележувања на верските празници, преку кои се чува и негува нашата традицијата и културата. Со модерни те трендови во современиот Свет, многу стари обичаи се заборавени односно не се пренесуваат на помладите генерации, ова е добра можност да се потсетиме на нив, изјави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев .
Литијата помина низ охридската чаршија се до храмот “Успение на пресвета Богородица“- Каменско, а децата имаа организиран пречек од страна на старешината на храмот и добија за подарок крстови со благослов. Свечен настан заврши со заедничка молитва и заеднички Бадников ручек.
- Денеска небесата се радув, пеат децата, пее Охрид, пее целиот свет за Вечниот Бог. Ние како организатори сме многу среќни што успеавме да научиме околу триста деца да ја пеат правилната христијанска песна, старата коледарска песна Вечниот Бог, истакна Летка Филипова Организационен одбор.
Манифестацијата “Свечена Бадникова поворка за навестување на Христовото раѓање”, во Охрид се одржува втора година по ред.
Извор: www.ohrid.gov.mk |