Вечерва со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад, ќе одржи хуманитарен
коцерт за помош на настраданите од Скопскиот регион. Концертот се реализира
по иницијатива на фолк пејачката, Елена Велеска, а е во организација на
општина Охрид. На концертот ќе настапат Елена Велеска, група Чардак, Наум
Петрески, Зуица Лазова, Ѓоко Танески, Петар Нечоски, Татјана Стефаноска,
Милован Секулоски, Анастасија Петреска, Ристе Ристески, Екстра бенд, Анета
Наковска, Дејан Николоски – Чуле и Боби Мојсоски.
Од 19:30 од страна на „Црвен крст“ Охрид ќе бидат поставени пунктови за
финансика и материјална помош. Средствата собрани од концертот ќе бидат
донирани за настраданите од поплавените подрачја.
Извор: www.ohrid.gov.mk |