Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот
на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани
правни и физички лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој објави јавен повик 02/2014 за
доставување барања за користење финансиски средства од Петтата компонента на
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската
Унија ИПАРД програмата 2007-2013 за следните мерки:
Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно
преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската
Унија
Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните
производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите
на Европската Унија
Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности
Финансиската
поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од
петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој
на Европската Унија (ИПАРД) согласно Повеќегодишната Финансиска Спогодба
2007-2011 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Целта на
ИПАРД програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на
земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на
земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно
усогласување со стандардите на Европската Унија и постигнување одржлива
животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку
поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за
вработување.
Крајниот рок
за поднесување на барањата е 10 декември 2014 година.
Подетални
информации заинтересираните можат да добијат на тел. 02 3097-460 , на
веб страната www.ipardpa.gov.mk или
на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни
работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина
Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |