Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА НА ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА СО „ЈАХЈА КЕМАЛ“
Untitled Document

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денеска оствари протоколарна средба со Мустафа Атиљ, новиот  директор на основното училиште кое  функционира при образовната институција „Јахја Кемал“ од Струга.
На средбата од двете страни беше изразена желбата за меѓусебна соработка кога станува збор за реализација на проекти во основните училишта. Се разгледуваа можностите и за организирање на натпревари на кои би учествувале ученици и од државните и приватни училишта.
Во насока на  градење заедничка соработка основното училиште при „Јахја Кемал“ доби отворена покана со своја екипа да учествува на манифестацијата „ Детски семафор“ што треба да се одржи на 27 мај  годинава во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1339  пати
Објавено на: 19.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©