Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец„ се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани . Утрово дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул.„Пере Тошев„ кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер. Оваа локација се наоѓа во близина на градинката „Росица„ и тука беа поставени три (3) контејнери за депонирање на комунален отпад. (повеќе...)
Извор: www.ohrid.gov.mk |