Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ “БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА – ХАРМОНИЧНА СРЕДИНА“
Untitled Document

Денес во просториите на Општина Охрид се одржа работен состанок на претставници од Секторот за образование, одделението за превенција – СВР Охрид и средните и основни училишта, кои учествуваат во имплеметација на проектот „Безбедни училишта – Хармонична средина“. Проектот се реализира веќе неколку години и интензивно се работи на зголемување на  безбедноста во училиштата и едукација на младите за ненасилна комуникација. На состанокот беа разменети  досегашните искуства од реализација на проектот и беа идентификувани проблемите со кои се соочуваат тимовите за безбедни училишта во обезбедување на одржливост на проектот.  Воедно беа донесени заклучоци, со определување на идни активности што ќе придонесат за подобра комуникација помеѓу тимовите, родителите, учениците и наставниците. Од оваа година, во проектот се вклучени и ОУ “Братство Единство“ и ОУ “Кочо Рацин“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 23.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©