По неодамнешната седница на градскиот Совет на кој на прашање од
опозицијата , градоначалникот Никола Бакрачески обелодени колку штетни
тендерски постапки водело претходното локално раковотство односно
спровело целосна постапка за давање под концесија на претпријатијата ПРОАКВА
и “Ниско градба“, денес градоначалникот деталите ги обелодени и
пред охридската јавност.
- Во изминатите две
до три години, значи пред јас да станам градоначалник, општина Охрид заедно
со општина Струга спроведувала постапка за издавање под концесии на
водоводот во овие два града за кои што е спроведена тендерска постапка и за
кои што е избран најповолен понудувач и истиот е известен дека
неговата понуда е најповолна. Се работи за шпанскиот конзорциум “Аквалија“.
Изработен е предлог договор со сите членови кои ги регулираат правата и
обврските на двете страни во којшто е наведено зголемување на цената
на водата за 40 %. Во тој договор е наведено дека новоформираното
претпријатие “Аквалија“ кое што ќе биде формирано од страна на истоимениот
шпански конзорциум, ќе превземе само мал дел од вработените од јавните
претпријатија, ПРОАКВА и “Ниско градба“ што подразбира дека останатите
вработени ќе останат на улица. Приходите во овие две охридски претпријатија,
по основ на наплата на тарифа за вода, за атмосферска канализација и за
одведување на отпадни води комплетно ќе припаднат на новото
претпријатие односно на концесионерот “Аквалија“ кој ќе има апсолутен
монопол во наплата на овие услуги . Долговите кои што во овој момент ги
имаат и ПРОКАВА и “Ниско градба“ ќе останат кај нив а сите побарувања кои
тие ги имаат ќе одат на сметка на концесионерот . Договорот за закуп кој
што е припремен е во должина на траење од 30 години. Ова се четри клучни
точки поради кои што сметавме дека договорот
е неприфатливо да се потпише кој е штетен за граѓаните и
двете општини Охрид и Струга. Од тие причини ние во изминатиов период , во
преговори со добитникот на најповолната понуда, шпанскиот конзорциум
“Аквалија“ ја продолжувавме важноста на понудата се со цел да добиеме
време, да ги разгледаме сите аспекти на овој договор и можноста за
ублажување на штетните и катастрофални последици по џебот на граѓаните на
Охрид и Струга. Преговаравме пред се во делот на можноста за намалување на
поскапувањето на водата ,помалку од 40 % колку што е предвидено со
договорот,во делот на преземање на обврските, односно долговите од
страна на “Аквалија “, како и во делот на евентуално регулирање на
точниот број на вработени кои што тие ќе го преземат во двете петпријатија,
Про,аква и “Ниско градба“. Овој штетен договор бил целосно готов во
јануари 2013 година а не е потпишан затоа што тоа го стопирала
Антикорупциска комисија од причини што во тој период биле објавени
изборите . Од тие причини ние во изминатава година и пол имавме многу
преговори со “Аквалија“, вклучивме голем број на адвокати, економисти
и останати соодветни експерти кои ни ги предочија финансиските импликации за
општина Охрид, во делот на она што ќе значи задржување на долговите од
ПРОАКВА и “Ниско градба“ , како и она што би значело дел од вработените да
останат на улица. И во овој момент апсолутно сметам дека договорот е тотално
штетен за Охрид и Струга со оние услови кои се пропишани во договорот.
Меѓутоа, она што сакам да го напоменам е дека ние исто така сме
претпазливи во делот на донесување на брзоплета одлука за поништување на тој
договор со оглед на тоа што поминала целокупната тендерска постапка и
е доведена до момент на потпишување на договорот помеѓу “Аквалија“ и
општините Охрид и Струга. Ние сме апсолутно претпазливи во тој дел , не би
сакале да донесеме брзоплета одлука да го поништиме договорот и во тој
случај штетата од плаќање на казнени пенали да биде поголема отколку што би
била штетата од потпишување на тој договор и од тие причини ќе ни треба
дополнително време во консултација со експертите да ја донесеме конечната
одлука, објасни градоначалникот Никола Бакрачески
запознавајќи ја охридската јавност со деталите на тендерската постапка за
издавање под концесија на ПРОАКВА и “Ниско градба“. Постапката е
отпочната во 2011 година кога е објавен тендерот и се водел крајно
нетранспарентно надвор од очите на јавноста.
Извор: www.ohrid.gov.mk |