Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12 и 93/13),Општина Охрид, на ден 10.04.2014г. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Урбанистички план за с.Пештани КО Пештани
,Општина Охрид предлог план 2009-2019 год.кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план за с.Пештани КО Пештани,Општина Охрид се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
3. За планскиот документ Урбанистички план за с.Пештани , КО Пештани
,Општина Охрид за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид,донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(бучавата,почвата, флората, фауната, ендемичните видови во рамките на Националниот парк Галичица),како и анализа на можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од спроведувањето на планскиот документ
,како и мерки за нивно надминување.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Бр. 20- 3757/2
10.04.2014г.
Извор: www.ohrid.gov.mk |