Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИДСКА ВЕЧЕР СО ЕТНО СОСТАВОТ „ЉУБОЈНА“
Untitled Document

 Поединостите за спектаклот кој сите го очекуваме вечерва на Античкиот театар со концертот на вокално инструменталниот состав на групата  „Љубојна“, кои со својата специфична музика и стил ќе настапат пред сите вљубеници на македонскиот мелос со современ ритам,  денеска беа објавени на прес конференција во општина Охрид.
Секретарот на Општината, Димитар Спасески го истакна задоволството од организацијата на ваков настан за збогатување на културната понуда во градот.

Оваа година во соработка со Фестивалот „Охридско лето“  и  под покоровителство на градоначалникот Никола Бакрачески,  во Охрид, на Античкиот театар ќе се одржи охридска вечер со етно составот Љубојна најавен  како спектакл, со многу музичари, и гости  кои на публиката ќе им ја доловат прекрасната македонска музика – истакна секретарот Спасески.
Вера Милошеска, члена на групата „Љубојна“ се осврна на уметничкиот дел, а истовремено се заблагодари на општина Охрид и градоначалникот Бакрачески за поддршката на живата македонска современа култура , зашто тоа е она најсуштинското кое не одбележува – рече Милошеска.

Вечерва преку еден убав brass оркестар, со еден убав дувачки звук ќе бидат изведени бисерите на нашата лирска егејска песна по која се познати Љубојна, а тоа се „Твојте очи Лено“, „Мори чупи костурчанки“, „Kрена Мартината“ и други – додаде Милошеска.


Младиот струмичанец Џамбо Агушев, кој ја има тутулата  „прва труба на светот“, ќе биде гостин на концертот а програмата ќе биде збогатена и со настап на играорците од КУД Илинден од Битола.

Секретарот Димитар Спасески, низата на вакви настани ги најави во континуитет при што истакна дека  токму ваквите активности за овозможување на граѓаните на општина Охрид  и туристите кои престојуваат тука да проследат што повеќе настани од културен карактер е една од целите кон која се стреми оваа локлана власт.

Од оваа година започнаа низа манифестации кои се надевам дека ќе станат традиционални  и во иднина ќе ги надоградуваме во текот на целата година- рече секретарот Спасески.

Концертот на групата „Љубојна“ на Античкиот театар  ќе започе во 22 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1259  пати
Објавено на: 07.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©