Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ ДЕНЕС ВО ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА И СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид  Никола Бакрачески продолжува со успешната посета на Стразбур , остварувајќи средба со Генералниот секретар на Конгресот за локални и регионални власти при советот на Европа - Андрес  Киефер.
На средбата со Киефер беше разговарано околу имплементацијата на европските стандарди на локално ниво во делот на борбата против корупцијата во локалните институции.

-На средбата договоривме оваа есен Охрид да биде организатор на работилница за борба против корупцијата на која би поканиле претставници на локалните власти од југозападниот плански регион  и пограничните региони на Албанија и Грција. Договорено беше и наши кадри да одат во конгресот и да се едуцираат во делот на имплементација на стандардите на ЕУ на локално ниво – изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.


Бакрачески денес ги продолжува средбите во Стразбур, каде ќе го посети и Европскиот суд на правдата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1307  пати
Објавено на: 12.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©