Дваесет годишната охриѓанка Емилија Карафилоска е авторот на годинашниот најдобар расказ
од конкурсот „Живко Чинго“. Емилија е студент на Филолошкиот факултет „Блаже
Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со
пишување активно се занимава од свои дванаесет години. Има учествувано на
многу литературни конкурси на кои освоила неколку први места.
Првонаградениот расказ со наслов „ Т.чка на агонија “ може да го
прочитате тука.
СВЕЧЕНА ПРОГРАМА
- Обраќање на претставник на Општина Охрид
- Врачување на наградата „Живко Чинго“
- „Охридските писатели во чест на Чинго“
- Беседа за Живко Чинго - Јордан Плевнеш
- Културно - уметничка програма
Датум: 13.08.2016 г. (сабота)
Време: 20:30 часот
Место: Спомен - обележје на Живко Чинго во атарот на манастирот „Св. Петка“
Извор: www.ohrid.gov.mk |