Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ОДРЖАНИОТ РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО НЕЛЕГАЛНИТЕ СТАНОИЗДАВАЧИ
Untitled Document

Претставниците на Локалната самоуправа кои денеска во присуство на началникот на СВР Охрид,  началникот на пазарниот инспекторат и претставници на УЈП  одржаа состанок со цел решавање на проблемите со сместувачките капацитети во Охрид,ги донесоа  следните заклучоци:

  1. Општинскиот инспекторат и Пазарна Инспекција ќе подготват информативни материјали кои ќе содржат информации за законските обврски на давателите на туристички услуги во делот на пријавување и евиденција на туристите, како и материјали наменети на корисниците на туристичките услуги во однос на нивните права и обврски за време на нивниот престој. Овие информации во вид на информативни материјали и во склоп на една поширока јавна кампања ќе бидат дистрибуирани до целните групи во текот на целата туристичка сезона.

    Со цел справување со нелегалните станоиздавачи и нелегални посредници за сместување, а со оглед на тоа дека надлежностите на различните служби се преплетуваат во овој домен, ќе се делува координирано од страна на Општинскиот Инспекторат, Пазарна Инспекција и УЈП, а воедно службите на СВР Охрид превентивно ќе го интензивираат своето присуство на посочените спорни локации на кои најчесто делуваат нелегалните станоиздавачи и посредници и ќе пружаат асистенција на другите служби.

    Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР ќе воведе телефонска линија и дежурна служба за пријавување на неправилности и незаконско работење во сферата на туризмот, јавен и такси превоз, нелегално посредување сместување на гости и неквалитетни услуги и слично. Телефонскиот број ќе биде јавно истакнат во сите објекти и други места кои вршат були каква туристичка дејност.


  2. Секторот за ТЛЕР и СВР Охрид во комуникација со Секторот за Информатички Технологии при МВР, ќе ги координираат активностите за реализација на функционирањето на начинот на електронска пријава и одјава на престојот на гостите. На овој начин ќе се овозможи електронското пријавување на престојот на гостите да биде унифициран и синхронизиран, со што состојбата ќе биде на увид и од страна на останатите инспекциски служби други државни органи.


  3. Интензивна координирана акција на Општинскиот Инспекторат, Пазарна Инспекција и УЈП, во однос на решавање на проблемот со нелегалното издавање на викенд станови, како нелојална конкуренција на легално регистрираните станоиздавачи. Воедно ќе се изврши обемна информативна кампања насочена кон сопствениците на викенд станови во однос на решавање на статусот на нелегалното работење со туристичка дејност (издавање на нерегистрирани и некатегоризирани викенд станови) со цел регулирање на нивниот статус.

Во рамките на работата на Секторот за ТЛЕР, во наредниот период ќе се реализираат работни состаноци со сите други релевантни учесници во туризмот со цел надминување и на сите други останати проблеми.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1265  пати
Објавено на: 29.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©