Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ ВОДОВОДНИ ЛИНИИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Екипи на ЈП „Водовод“ – Охрид  денес започнаа  градежна активност за  изградба на  нова водоводна линија во населба „Исток“.Азбесните  цевки со профил   ф 63мм се заменуваат со нови полиетиленски ф 90 мм во должина од 75м.
На улица „Андон Дуков“  денес ќе се вршат припреми за замена на старата водоводна линија со нова која ќе биде од полиетиленски матерјал  со профил од 63мм во должина од 200м.
Со овие проекти ќе се подобри водоснабдувањето во овие делови од градот како и одржувањето на системот за водоснабдување.

Во тек на денешниот ден екипи на ЈП „Водовод“- Охрид  ќе вршат и санација на дефекти на улиците „Живко Чинго“ и „Железничка“ ,а во селата Лескоец и Велгошти регулација на водоводните линии.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1364  пати
Објавено на: 11.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©