Вчера во Охрид на 87 годишна возраст почина доајенот на маратонското пливање, пливачката балканска легенда, познатиот охридски професор и тренер Леко Радич.
Леко Радич е роден во 1929 година во Охрид, а својата пливачка и тренерска кариера ја започнал во ПВК „Охридски бранови“. Тој е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони како што се братот и сестрата Дики и Атина Бојаџи, Климе Савин, Насте Јончески, Ристо Бимбиловски и Александар Маленко.
Пливачката легенда со својот труд го прослави Охрид и Македонија низ Светот и со златни букви го испиша името на Охридскиот пливачки маратон во регистарот на светското маратонско пливање.
Најблиските, роднини и пријатели од Радич ќе се простат денес на градските гробишта во Охрид.
Во 2013 година Леко Радич го доби највисокото општинско признание за животно дело Свети Климент Охридски – Патрон на градот за што тогаш ќе изјави дека таа е неговата најдрага и најзначајна награда затоа што истата е признание за се што направил во својата пливачка кариера.
Извор: www.ohrid.gov.mk |