Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД И НУ „ОХРИДСКО ЛЕТО“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Untitled Document

Со цел подигнување на степенот на културен развој на Охрид, но и одржување на високото реноме на Фестивалот „Охридско лето“ кое го има на светската уметничка сцена, со заложба за уште поголеми дострели во културата по која е препознатлив градот градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и директорот на НУ „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска потпишаа Меморандум за соработка.

Општина Охрид и НУ „Охридско Лето“ ќе соработуваат во областа на активностите поврзани со културата во делот на унапредување на условите за што поголеми уметнички дострели.

 Градоначалникот Бакрачески во оваа пригода го потенцира значењето на Фестивалот “Охридско лето“ за афирмација на градот и додаде дека Општина Охрид со сиот свој капацитет ќе придонесе за подобра организација на Фестивалот зашто токму „Охридско лето“ претставува промотор на културниот туризам на светската сцена – рече градоначалникот Бакрачески.

Заинтересироноста односно големиот интерес на општина Охрид за придонес и продлабочување на соработката помеѓу НУ „Охридско Лето“ и градот беше поздравена од директорот на НУ „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска.

Со воспоставувањето на една ваква соработка и координација помеѓу општина Охрид и НУ „Охридско Лето“ ќе се реализираат уште многу нови проекти од областа на културата со што ќе се направи еден силен исчекор на културен план – истакна директорката Јанкуловска.

Установата и Општината во наредниот период ќе се стремат да го оправдаат епитетот на градот – најзначаен културен и духовен центар во Македонија. Ќе се стремат да бидат дел од најдоброто на светската уметничка сцена.

Извор: www.ohrid.gov.mk/p>

Прочитано:  1267  пати
Објавено на: 26.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©