Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “СВЕЧЕНА БАДНИКОВА ПОВОРКА ЗА НАВЕСТУВАЊЕ НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ“
Untitled Document

Во организација на општина Охрид и “Здружението за грижи и воспитување на децата“ , утре во Охрид   ќе се  одржи манифестацијата “Свечена Бадникова поворка за навестување на Христовото раѓање”.


Во поворката која  ќе започне од црквата Св. Ѓорѓија во 09.30 часот е предвидено да се вклучат 300 деца кои од оваа црква преку улица “Јане Сандански“ ќе се движат кон    Кеј “Македонија“  и  Градскиот  плоштад “Св. Климент Охридски“.


На градскиот плоштад  каде веќе  е поставена   пештера  која претставува симбол на  раѓањето на синот  божји Исус Христос ќе биде поставен штанд    на кој ќе се делат флаери со изворната песна.

 
Во 12.00 часот,  претставници на Локалната самоуправа и  советниците од Советот заедно со претставници од “Здружението за грижи и воспитување на децата“     ќе делат пакетчиња на учесниците од Бадниковата поворка. На задоволство на присутните од страна на учесниците ќе биде испеана некогашната стара коледарска песна “Вечниот Бог”.
Во 12.30 часот  во духот на празникот Божиќ ќе се одржи традиционалниот  маратон на божиќни песни од страна  на “Распеаните герданчиња“ .


Понатаму, литијата ќе помине низ охридската чаршија се до храмот “Успение на пресвета Богородица“- Каменско, каде ќе биде организиран пречек од страна на старешината на храмот и  каде на децата ќе им бидат поделени крстови  со благослов. Свечен настан ќе заврши со заедничка молитва и заеднички Бадников ручек.


Манифестацијата “Свечена Бадникова поворка за навестување на Христовото раѓање”, во Охрид се одржува втора година по ред. 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1375  пати
Објавено на: 05.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©