Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕДУМ ГОДИНИ ОД БРОДСКАТА НЕСРЕЌА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Untitled Document

По повод  навршувањето на  седум години од бродската несреќа во  Охридското Езеро кога животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија, делегации од општина Охрид, Капетанија, Бугарскиот конзулат,  Бугарскиот културен центар и членови од Здружението „8- ми Септември“ положија цвеќе пред спомен обележјето на езерскиот кеј.  

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1402  пати
Објавено на: 05.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©