Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ
Untitled Document

   Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува
 
 
 


КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија за  академската 2015/2016 година

 
 


 
 
          Општина Охрид ќе додели 30 (триесет) стипендии за редовни  студенти на додипломски студии од   II,III,IV,VиVI година, од општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во РМакедонија,  за академската 2015/2016 година
 
       I.            Услови за доделување стипендии
 
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија , а ги исполнуваат следниве услови:


  •  
    1.      да се редовни студенти,
    2.      да оствариле просечен успех во текот на студирањето од минимум 8.00(осум)
    3.      да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.


 
    II.            Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:


  • 1.      копија од лична карта
    2.      копија од уверение за државјанство
    3.      потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2015-2016 година;
    4.      уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години;
    5.      фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науката, техниката, културата и уметноста;
    6.      потврда за висината на примања на членовите на семејството на студентот, издадена од УЈП, а за невработените членови на семејството на студентот- потврда од  Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок (оригинал ) ;
    7.      изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот  не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма,(изјавата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk),
     
     
     


 
 
 III.            Висината на стипендијата
 
Висината на стипендијата ќе изнесува 2 000,00 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната  2015/2016 година.
 
 
Рок на пријавување
 
Потребните документи кандидатите треба да ги достават  најкасно до 15.10.2015 година(четврток) на адреса: Општина Охрид  ул.,, Димитар Влахов“  бр. 57 – Охрид , во затворен коверт  со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување студентски стипендии“
 
 
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

ПРИЈАВА

ИЗЈАВА РОДИТЕЛ

ИЗЈАВА РОДИТЕЛ

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1337  пати
Објавено на: 24.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©