Ј.П. „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид
дека на ден19.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на
кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во
У.З. 8 „Билјанини Извори“.
Се молат граѓаните кои
живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да
го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во
Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да
можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го
подигнат.
Извор: www.ohrid.gov.mk |