Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕТСТАВЕНА НАГРАДЕНАТА ПОЕМА НА ПРЛИЧЕВИТЕ БЕСЕДИ
Untitled Document

Во рамките на годинешното издание на Прличевите беседи, во Центарот за култура, на посебна свеченост беше претставена наградената поема „  Кирил 1830- Кирил 2001“ , а на авторот  Глигор Стојковски му беше доделено високото признание.

-Ми  претствува особена чест ,искрено да му ја честитам наградата на познатиот македонски писател Глигор Стојковски  за поемата „Кирил 1830-Кирил 2001“ и да му посакам  позитивна вдахновеност во создавањето на нови литературни дела.
Претставувањето на најдобрата поема за 2015 година традиционално се одржува во рамките на „Прличевите беседи“, манифестација востановена пред речиси шест децении. Годинешното чествување на делото на македонскиот книжевен великан и преродбеник, овенчаниот со Лаворов венец во Атина, Григор Прличев е збогатено со уште една поема со  која се продолжува традицијата на Прличевата „Сердарот“ . Наградата, дефинитивно е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност.
За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја, националното будење и културното самоидентификување.Во тој дух се и идеите на  „ Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените.
Ваквите манифестации посветени на великаните, каков што е Григор Прличев, се вистинското место гласно да ветиме дека ќе ја продолжиме  традиција и секој на свој начин ќе придонесуваме за подобра иднина на својот народ и на Република Македонија.На тој пат водилки треба да ни бидат високопоставените, не само уметнички,  туку и етичките и општоцивилизациските вредности на Прличев-
рече во обраќањето заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Пред претставувањето на наградената поема, во ликовниот салон беше отворена изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“, настапи хорот при Центаарот, а потоа следеа обраќањето на директорот Горан Стојаноски. За поемата реч одржа претседателот на жири комисијата Бранко Цветкоски, а артистите од  градскиот театар говореа стихови од наградената поема. По врачувањето на високата награда се обрати и лауреатот Глигор Стојковски.

По завршувањто на церемонијата на доделувањето на наградата делегации на општина Охрид, Друштвото на писателите на Македонија, политички партии и  институции кои го носат името на Григор Прличев, положија свежо цвеќе на бистата на поетот што се наоѓа во паркот пред градската библиотека.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1391  пати
Објавено на: 05.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©