Секторот
за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на
земјоделството на Општина Охрид, во рамките на своите активности и зацртани
проекти, а со цел за запознавање на можностите, развојот и унапредувањето на
органската храна во Република Македонија - организира едукативна
работилница на ден 25.03.2014 година (Вторник), во Големата сала на Општина
Охрид, со почеток во 18,00 часот.Органското производство во Македонија
станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во
исхраната и како систем ги зема предвид еколошките, економските и
социјалните аспекти на земјоделството на локално, национално и на глобално
ниво, а Општина Охрид има голем потенцијал за развој и унапредување на
органското земјоделско производство.
Се покануваат сите земјоделски производители, потрошувачи,
хотелиери и заинтересирани лица за присуство да земат учество и да
присуствуваат на оваа едукативна работилница. Обуката ќе ја реализираат
стручни лица од Контролното сетификално тело „ПРОЦЕРТ“ – Скопје.
Извор: www.ohrid.gov.mk |