Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ТЛЕР СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ВО НАСОКА НА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Untitled Document

Денеска во Секторот за Туризам и Локален Економски Развој се одржа една од неколкуте работилници со цел сите чинители и инволвирани во руралниот развој со заедничко дефинирање на суштинските проблеми и приоритетни работи да помогнат во подготовката на финален документ - стратегија за рурален развој на Охрид за 2014- 2018 година .

Од ТЛЕР велат дека ваква стратегија е повеќе од неопходна, бидејќи до сега не била донесена во Општина Охрид а е многу битна како документ на кој што понатака ќе се повикуваат, Градоначалникот Никола Бакрачески, Советот и општинската администрација при реализирање на годинешните развојни програми. Стратегијата е битна и за подготовката на проектите со кои ќесе аплицира до Агенцијата за поддршка на руралниот развој и до други европски фондови.

Пред присутните на денешната работилница, жители од охридските села, претставници на месните заедници , стопанственици и претставници од јавните претпријатија , беше претставен и текот на процесот на донесување на стратегијата а беше разработена SWOT анализа со цел да се укаже на најприоритетните, најгорливите проблеми пред се состојбите во руралните области , развојните можности и потенцијали .

За поголема ефикасност територијата која ја опфаќаат руралните заедници во Охрид е поделена на три области:села кои се во подножјето на планината Галичица од Рамне до Љубаништа, другата ја опфаќа територијата со населените села Велгошти , Лескоец, Горно и Долно Лакочереј и третата област е нај пасивната и нај планинската во која влегуваат селата Плаќе, Свиништа Речица , Завој и Куратица.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 16.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©