Откако даде налог веднаш да се пристапи кон санирање на штетите на зградата број 4 на Булеварот „Туристичка„ настанати од пожарот кој изби од броилата за електрична енергија, градоначалникот Бакрачески во неколку наврати ги посети станарите на оваа зграда.
Градоначалникот Бакрачески денеска повторно ја посети опожарената зграда каде веќе финишираат активностите за санација на истата при што истакна дека е задоволен од интензитетот со кој се одвиваат активностите за санација на настанатата штета.
Извор: www.ohrid.gov.mk |