Охриѓани, туристите и гостите кои престојуваат во Охрид, синоќа имаа можност да присуствуваат на несекојдневен настан кој го приредија Воениот оркестар и припадниците за почести на АРМ.
На плоштадот "Крушевска Република" пред голем број присутни, Воениот оркестар на АРМ изведе повеќе популарни музички дела од домашни и странски автори, преадаптирани за воениот оркестар.
Припадниците за почести на АРМ ја покажаа својата висока професионалност во извршувањето на своите задачи.
Настанот го проследија официјални претставници на локалната самоуправа, како и претставници на Министерството за одбрана на Р.М и Армијата на Република Македонија.
Претходно припадниците на АРМ имаа дефиле низ охридската чаршија. Настанот се реализира од страна на Министерството за одбрана, во соработка со општина Охрид и претставува дел од планот на АРМ за цивилно-воена соработка, заради популаризирање на македонскта армија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |