Градоначалникот Никола Бакрачески , денеска имаше средба со поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ.
На средбата , на која присуствуваа и група бизнисмени од Хрватска, заеднички беше оценето дека двете држави имаат одлични политички и економски односи и дека е добро што Охрид е збратимен и има добра соработка со неколку градови од Хрватска .
- Со господинот Стјепан Месиќ , разговравме за повеќе прашања од областа на политиката и дипломатијата , особено за темите поврзани со евроатланските интеграции на Република Македонија . Разменивме мислења и околу унапредување на соработката на Охрид со градови од Хрватска и заедничко аплицирање за проекти кои би се финансирале од фондовите на Европската унија . Морам да потенцирам дека е чест да се разменат мислења со човек кој има огромно искуство како политичар и дипломат и толку многу го сака Охрид. - истакна градоначалникот Никола Бакрачески.
Поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ рече дека со секое негово доаѓање , Охрид му станува се поубав и се попривлечен. „ Од моето прво доаѓање во Охрид во 1967 година , кога како претседател на Општина Орешица , предводев стопанска делегација , потоа последната седница на претседателството на поранешната СФРЈ и неколкуте посети како претседател на Република Хрватска , па се до денес , овој свет град секогаш кај мене побудува посебни чувства – рече Месиќ , по средбата со градоначалникот Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |