Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗБРАНИ НАЈУБАВО УКРАСЕНИТЕ НОВОГОДИШНИ ДВОРОВИ
Untitled Document

По пауза од една година, Општина Охрид повторно ја одржа акцијата -“Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“. На годинашниот натпревар се пријавија 9 наши сограѓани, кои празнично ги украсиле своите дворови. Комисија на Општина Охрид, по претходна обиколка на сите пријавени и фотодокументирање, на 2 јанури донесе едногласна одлука за избор на најдобрите. Првото место го освои г-ѓа Иванка Гигер од населбата “Радојца Новичич“, второто место му припадна на Ристо Димоски од селото Горно Лакочереј, а третата позиција е за Фанија Станкоска, на улица “Сирма Војвода“ 94 од Охрид.

Наградите на најуспешните ќе им бидат врачени на 8 јануари во 12 часот во просториите на Општина Охрид.

Првонаграден новогодишен двор:

 

Второнаграден новогодишен двор:

 

Третонаграден новогодишен двор:

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1239  пати
Објавено на: 03.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©