Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПАРТЕРНО СЕ УРЕДУВА НОВОИЗГРАДЕНИОТ КЕЈ ВО ПЕШТАНИ
Untitled Document

Од утрово екипи на ЈП Нискоградба и МЈП Проаква, РЕ Водовод Охрид започнаа со партерното уредување на шеталиштето на новоизградениот кеј во Пештани.
Се работи на поплочување на просторот каде што ќе биде пешачката патека, се поставуваат клупи и се поставува ново осветлување со канделабри.

Деновиве од како ќе завшри партерното уредување ќе се премине кон хортикултурно уредување на просторот, кога екипи на ЈП Охридски Комуналец ќе пристапат кон правење паркови во кои ќе се засадат зимзелени разтенија, тревни површини како и цветни декорации.

Со завршувањето на работите на кејот во Пештани, ова познато туристичко место конечно по половина век чекање добива уреден брег и уредени улички, кои се асфалтираа оваа пролет.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 10.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©