На Малиот плоштад, кај поранешната градска библиотека, по повод годинашната тема на Зелената недела на Европската Унија , „Природата- наше здравје, наше богатство“, општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „ Галичица“ и Нуркачки клуб „ Амфора“ , денеска беше отворена изложба на фотографии за биодиверзитетот на Националниот парк „ Галичица“ и Охридското Езеро која ќе трае до 26 јуни 2015 година. Посетителите, изложбата ќе можат да ја посетат во времето од 10 до 20 часот.
На отворањето, денеска присуствуваа дечиња од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ на кои преку фотографиите им беше објаснета важноста на заштитата на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица и развивањето на чувството за одговорност кон природното наследство.
Извор: www.ohrid.gov.mk |