Вo рамки на одбележувањето на Зелената недела на ЕУ, “Инвестирање за
позелена иднина“ , Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, утре
со почеток во 11:30 часот во просториите на ЈОУДГ "Јасна Ристеска"
организираат изложба на фотографии .
Фотографиите ќе бидат со еколошки мотиви од Охрид и охридскиот регион.
Целта на овој настан е зајакнување на јавната свест за потребите од
зачувување на еколошките вредности на Охрид и охридскиот регион вклучително
и Националниот Парк Галичица и Охридското Езеро, валоризација на
биодиверзитетот и природните вредности и реткости како и едукација на
најмалите за потребата од зачувување на животната средина.
Во рамки на проектот испечатени се и флаери со цел подобро запознавање со
еколошките вредности на охридскиот регион и потребата од неговото идно
сочувување и запознавање на најмалите со значењето од зачувувањето на
животната околина и создавање на навики за висока еколошка свест.
Извор: www.ohrid.gov.mk |