Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/2015 129/15 и
39/16),Општина Охрид, на ден 28.07.2016год. донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за комплекс Андон Дуков, КО Охрид 4, Општина Охрид
- Урбанистички план вон населено место за комплекс Андон Дуков, КО Охрид 4, Општина Охрид, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички план вон населено место за комплекс Андон Дуков, КО Охрид 4, Општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за комплекс Андон Дуков, КО Охрид 4, Општина Охрид, за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина .
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(бучавата,почвата, флората, фауната, водата и организираното управување со отпадот ),како и анализа на можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од спроведувањето на планскиот документ ,како и мерки за нивно надминување.Исто така треба да се почитуваат предложените плански определби за заштита на животната средина и одржлив развој почитувајќи ја соодветната законска регулатива. Предметната локација се наоѓа во опфат на просторот заштитен како природно и културно наследство во Охридскиот регион,
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
- Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .
Извор: www.ohrid.gov.mk |