Во сабота (18.10.2014 година), делегација на општина Охрид составена од
заменикот градоначалник на Охрид Ангел Јанев и советникот Илјат Ибраим ја
посетија збратимената општина од Хрватска општината Винковци.
На средбата со градоначалникот на општината, др. Младен Карлич, неговиот
заменик задолжен за проектни активности, директорката на развојната агенција
Винковци, Мирта Штрк и директорот на агенцијата за развој на Вуковарско
Сремската жупанија Иван Римац се разговараше на повеќе теми и беа
договорени конкретни проекти за соработка, за кои реализација се очекува во
наредната година. Меѓу позначајните прокети се:
1. Покана за градот Охрид за
идната година 2015 год. да биде град партнер на градот Винковци во мрежата
на здрави градови во Хрватска.
2. Можност за инвестиции од страна на хрватски
инвеститори пред се во делот на хотелиерството во Охрид – Invest in Ohrid.
3. Можност за евентуални инвестиции во рамките на
стопанството во Охрид – Invest in Ohrid,
4. Одржување на неколку бесплатни работилници во
Охрид од страна на успешната локална развојна агенција Винковци, во делот на
практичната искористеност на ЕУ фондовите наменети за земјите кои НЕ се
членки на ЕУ (Хрватска има големо искуство),
5. Предлог за помош при евентуално формирање на
локална агенција развојна агенција за Охрид (јавно приватна или јавна) која
би се занимавала само со проектни активности.
6. Одржување на неколку бесплатни работилници во
Охрид од страна на агенцијата за Развој на Вуковарско Сремската жупанија,
повторно во делот на економските плански региони, за делот од ЕУ фондовите
за средства наменети за земјите кои не се членки на ЕУ,
7. Соработка со градот побратим на Винковци од
Германија во делот на туризмот и образованието,
8. Приклучување на иницијативата со Охрид и Пиран на
иницијативата на факултетот за туризам и угостителство од Охрид со сличните
факултети за туризам од Пиран и Винковци за програма за размена на студенти
наставен кадар (слична со ЕРАЗМУС програмата за Европа), ама за САД.
9. Покана до градоначалникот на Охрид г.нот Никола
Бакрачески за април 2015 год. на семинар на кардиолози на теми поврзани со
стручни теми и предавања од кардиологијата но и на понудата на здравствениот
туризам во Охрид,
10. Можност за видео конференција помегу средно училиште
од Винковци и гимназијата од Охрид за ученици кои изучуваат германски јазик.
Извор: www.ohrid.gov.mk |