Заврши изградба на повеќенаменското игралиште на песок во
непосредна близина на теренот за фудбал во населба Воска.
Игралиштето е со стандардни димензии 18 на 9 метри а песок
е поставен и на околниот дел на површина од 1,5 метар.
Просторот е и хортикултурно уреден а има и патека покриена со бехатон
плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м.
Игралиштето на песок е ветување дадено од градоначалникот Никола
Бакрачески при неодамнешната средба со жителите на Урбана Заедница
Воска.
Изведувачи на градежните активности беа јавните претпријатија, „Градски
пазар“ и „Охридски комуналец“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |