Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГОДИНЕШНИТЕ КУМОВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ И СИМЕСКИ ГО ДАРУВАА ПЕТАР РУПЕСКИ-ФАЌАЧОТ НА ЧЕСНИОТ КРСТ
Untitled Document

После целодневната обиколка по охридските домови, Варошката тајфа предводена од Петар Рупески, денешниот фаќач на Чесниот Крст, традиционално се собраа во Ресторанот Св.Софија. Таму беа пречекани од годинешните кумови, Градоначалникот Никола Бакрачески и охридскиот бизнисмен Сашо Симески, кои го даруваа годинешниот фаќач на крстот, со сребрен крст со позлата.

Големиот верски празник Богојавление-Водици кој во Охрид оваа година се празнува неколку денови, донесе илјадници посетители и гости од државава и странство, а на градското пристаниште денес се собраа повеќе од 20 000 лица за да ја следат верската церемонија на осветување на езерските води. Овој најмасовен верски настан во Р.Македонија, ќе финишира на 20 јануари со посебна програма по повод Денот на рибарите. Професорите и учениците од ОУТУ "Ванчо Питошески" од Охрид ќе подготват 2 тона рибна чорба која ќе биде послужена за илјадниците граѓани кои ќе бидат присутни на манифестацијата, а главна атракција ќе биде пливањето по буре со вино.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1251  пати
Објавено на: 19.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©