Јавното претпријатие „Билјанини извори“ со промотивното возење на учениците - првачиња од ОУ „Христо Узунов“ официјално, за оваа летна сезона, го пушти во сообраќај панорамскиот двокатен автобус.
Од претпријатието известуваат дека автобусот се изнајмува за превоз на организирани групи за панорамско разгледување на Охрид и околината. Дополнителни информации околу користењето на двокатниот автобус можат да се добијат во дирекцијата на ЈП „Билјанини извори“ (спортска сала „Билјанини извори“) или на следниот телефон 231-535.
Извор: www.ohrid.gov.mk |