Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми. Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште.
Проблемот беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на образовниот сиситем на локално ниво.
Извор: www.ohrid.gov.mk |